Крводарителска акција за Денот на Општината

На 04.11.2012 год. во просториите на Ликовниот салон во Велес се одржа крводарителска акција под покровителство на мото клубот „Носачи на крстот“, во соработка со Црвениот крст на град Велес и Општина Велес. Повод за оваа акција беше, празникот на градот „9 Ноември“ и годишнината на мото клубот, кој оваа крводарителска акција ја издигна на традиционално ниво. Организациски акцијата помина беспрекорно, за што зборува и бројката од 143 крвни единици.

БЕСКРАЈНА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ од организаторите на оваа ација и поздрав до следната средба.