Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина и Општинската организација на Црвен крст

На средбата со претставниците на медиумите, што по повод 9-ти Ноември – Денот на Општина Велес, одржана на втори ноември, покрај претставувањето на акциите и активностите со кои ќе се одбележи големиот празник на Градот, беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Општина и Општинската организација на Црвен крст од Велес.  Меморандумот го потпишаа Г-дин Горан Петров - градоначалник на Општина Велес и Г-дин Милчо Трајков – претседател на велешкиот Црвен крст.

Со овој инструмент за соработка, како што стои во текстот, двете страни се согласни да соработуваат во делокругот на своите активности со цел успешно спроведување на поставените цели и приоритети. Согласно програмските определби, двете институции се согласни за зајакнување на соработката за: Унапредување на социјалната сигурност кај населението, превентивна здравствена заштита, едукација на населението од областа на Меѓународното хуманитарно право, подготовка и одговор при елементарни непогоди и катастрофи, подготовка и менаџирање на проекти, лобирање за интереси и др. Како што истакнаа Потписниците, со меморандумот се очекува уште повеќе да се интензивира и онака добрата соработка помеѓу двете институции.

На средбата беше најавена и претстојната крводарителска акција што ја организираат Општинската организација на Црвениот крст, Општина Велес и Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес, што се организира по повод Денот на Општината и петгодишнината од формирањето на Клубот на популарните „Носачи на крстот“