Потпишана повелбата за збратимување на општините Велес и Зеница од Босна и Херцеговина

Празнувањето по повод 68 години слободен Велес, продолжи со пригодна свеченост во салата „Бели мугри“.  Поздравна реч пред пратениците, градоначалниците од збратимените градови, претставниците на Македонската православна црква, Исламската верска заедница, бројните присутни од институциите, установите, домашните и меѓународните организации, медиумите и граѓанскиот сектор имаше градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров. На овој историски датум беше потпишана и Повелбата за збратимување  на општините Велес и Зеница од Босна и Херцеговина. Во знак на благодарност пред велешани се обрати и Градоначалникот на Зеница, господинот Хусеин Смаиловиќ.