Добитници на деветоноемвриските награди и признанија за 2012 година

На свечената седница на Совет на Општина Велес, традиционално беа доделени деветоноемвриските награди и признанија на годинешните добитници:

 

Спомен плакета  „9-ти Ноември“

• Технолошко-техничкиот факултет Велес
• Проф.д-р Горан Калоѓера – македонист во Република Хрватска
• ССОУ „Димитрија Чуповски“ 
• Милан Бошков - уметник-постхумно

Благодарница „9-ти Ноември“

• Влатко Темелковски и Дејан Манасков - ракометари
• Група „Виртус“
• УНДП - Програма за развој на Обединетите нации

Пофалница „9-ти Ноември“

• Тодорче Ѓорѓиев - планинар
• Александар Солев – средношколец, научник
• Кристијан Ефремов-атлетичар
• Игор Стефановски-кајакар
• ЗГ „Македонски спасител“

Наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ ја доби Страхил Тодоров, студент на трета година на медицинскиот факултет со 31 положен  испит  со просек 10.
 
Наградата за животно дело „Гемиџии“ година и припадна на професорката Олга Синадинова.

Свечената седница беше збогатена со соло настапот на Катерина Брезева во пијано придружба на Трајче Бондиќов.