„Велешката питијада 2012“ заврши

Сите патишта овој викенд  водеа во Велес. Многу гости пристигнаа на деветтата по ред „Велешка Питијада 2012“од цела Македонија, најмногу од Скопје, Охрид, Кавадарци, Гевгелија и од други градови. Во редици се чекаше за  да се дојде до парче пита.  Капацитетите на десетината  угостители  кои го нудеа овој велешки специјалитет, беа премали за да ги задоволат барањата на гурманите. Се бараше столче слободно за да се вкуси питата. Се чекаше и по еден час за да се дојде на ред, за  пита и вино. За прв пат оваа година имаше масовно присуство на млади како резултат на богатата забавна програма и голема забава со македонските поп ѕвезди Тони Зен, Влатко Лозановски, Дарко Илиевски и Викторија Лоба.  

Убавото време привлече илјадници гости. Понудата од традиционалниот специјалитет пита пастрмалија залеана со црно вино, можноста да се видите со познати или пријатели ги изнесе  велешани од домовите, а гостите од другите градови ги донесе во Велес. На штандовите, пак, беше мешаница, некои се тискаа што поскоро да обезбедат пити и да заминат дома за саботен семеен ручек.

Според информациите на учесниците на  манифестација „Велешка Питијада 2012“ која вчера заврши се изеле над 1 8000 пастрмајлии и се испиле13 тони вино. Ова е рекорд до сега и дополнуваат дека во текот на  времетраењето на манифестацијата  сите угостителски објекти , ресторани,кои прават пита пастрмајлија  работеле со полн капацитет, а таа бројка на продадени пити  никој не ја знае и не влегува во збирниот  податокот што го имаме.

Градоначалникот на Велес  потсети  на традицијата дека велешани прават пита иста како и  таа од пред век и пол. Дојдовме до пишан документ од почетокот на 1869 година, каде за зборува дека од 5-ти до 19-ти јануари две илјади турски војници, додека престојувале во Велес биле ранети со тесто посипано со овчо сушено месо, налик на турската састрма. И по толку време ние останавме верни на традицијата и оригиналот – изјави Горан Петров градоначалник на Велес.

Манифестација „Велешка Питијада 2012“ се одржа  на  главната улица „Благој Ѓорев‘‘  пред Гимназијата „Кочо Рацин‘‘. Питата  се продаваше по цена: за парче 30 денари  или цела пита за 120 денари и  чаша вино по цена од 30 денари. „Пастармалијадата“ заврши во неделата  попладне.