Промовирани делата од колонијата „Папрадишки мајстори“

Свеченостите по повод 9-ти Ноември – Денот на Општина Велес, беа збогатени со делата создадени на 8-мата Сликарско - копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“. Триесетина скулптури, слики и резби од денес го зголемуваат уметничкиот фонд на Општина Велес. Оваа година Колонијата се реализираше како делегирана надлежност на ЗГ „Папрадишки мајстори“. Квалитетот на делата, беспрекорната организација и задоволството на учесниците се потврда дека Советот на Општина Велес го направил вистинскиот чекор со донесувањето на оваа Одлука.

 На свечената промоција на делата раководителот на копаничарскиот дел, г-дин Љубомир Бисинов изрази огромна благодарност за укажаната доверба од страна на општината, а задоволството не го криеја ниту г-динот Коруновски, раководител на сликарскиот дел, ниту другите членови на здружението „Папрадишки мајстори“.

Во рамките на отворањето на изложбата беше промовирана веб страната www.papradiskimajstori.mk

Изложбата ја отвори Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Горан Петров.