Децата за Велес

Во чест на активностите за празнувањето по повод 68 години слободен Велес свое учество земаа и учениците од општинските основни училишта и дечињата од ОЈУ ДГ „Димче Мирчев“.  Релизирајќи ја манифестацијата „Децата за својот град“, најмалите велешани, како вешти уметници сликаа од срце и Младинскиот парк  го преплавија во боите на виножитото.