„Ден на дрвото“ - ноември 2012

Акцијата  „Ден на дрвото“  се изведе на  локација над Спомен костурницата  на местото викано „Каменот“, на површина од 17,5 хектари, се засадија  седумдесет  илјади стебла на  јавор, јасен и багрем. Тмурното и дождливо ноемвриско утро не беше пречка за велешани да излезат масовно. Река од ученици, вработени во администрацијата, јавните претпријатија, припадници на АРМ, вработени од ЈКП „Дервен“ и граѓани на Велес  активно се  вклучија во акцијата „Ден на дрвото“ за да придонесат во создавањето на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации.

Како преставник на владата на оваа десета манифестација заедно со  велешани и со Градоначалникот Горан Петров , садеше дрвца и заменик  министерот  за економија Катерина Костеска.