Документарно играниот филм „Пресвета Богородице спаси не“ го отвори фестивалот „Радонеж“ во Русија

Документарно играниот филм „Пресвета Богородице спаси не "во режија на велешанката Весна Димитровска вчера во Русија ја имаше својата меѓународна промоција. Она што го прави посебен самиот факт на меѓународна промоција е што со македонскиот филм всушност започна 16 то издание на  фестивалот „ Радонеж ." На фестивалот сме пријавени со уставното име, Република Македонија, Македонска Православна Црква, Епархија Повадрарска, Општина Велес,  тоа за мене и за МПЦ е од огромно значење. Ова е достојно за почит“- рече Весна Димитровска, режисер на филмот.

За режисерката на филмот Весна Димитровска која воедно го игра ликот на Мајката Божја, ова е голема чест, затоа што токму тој  е првиот македонски филм кој учествува на овој престижен фестивал.   Општина Велес го помогна снимањето на овој филм и  го поддржа учеството на овој меѓународен фестивалски филмски настан. На режисерката на филмот Весна Димитровска и посакуваме многу среќа  и успех  во промовирањето на својот роден град Велес, република Македонија ,Епархија Повардарска и Македонската Православна Црква.