На регионалниот натпревар во Богранци Гимназијата „Кочо Рацин“ најдобра
Под покровителство на општина Велес најдобрите екипи од општинскиот противпожарен натпревар во Велес – ООУ „ЈХК Џинот“ и Гимназијата „Кочо Рацин“ на 27 ноември 2012 година ги бранеа боите на Општина Велес на Регионалниот натпревар во Богданци. Во силна конкуренција на претставници од сите општини од Вардарскиот регион учениците од ООУ „ЈХК Џинот“ го освоија третото место, а гимназијалците беа најдобри. Освоеното прво место им овозможи на учениците од Гимназијата „Коќо Рацин“ учество на републичкиот квиз натпревар во Берово.