Тркалезна маса посветена на лицата со инвалидност
Денес (28.11.2012) Здружението на слепи лица на Општина Велес, во партнерство со Здружение на глуви и наглуви – Велес, Здружение на цивилни инвалиди од војната – Велес, Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди - Велес, а под покровителство на Општина Велес, во чест на обележување на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, одржа тркалезна маса на тема: „Конвенција на правата на лицата со инвалидност“. Целта на тркалезната маса е беше одбележувањето на годишнината од потпишувањето на меѓународната Конвенција за правата на лицата со инвалидност, ратификувана од Собранието на Република Македонија и истакнувањето на национално ниво позитивниот пример на соработка на Општина Велес со инвалидските организации.
На тркалезната маса во улога на воведничар беше г-дин Бранимир Јовановски, претседател на Македонскиот Параолимписки Комитет, а во работата учествуваа: г-дин Жарко Селкоски, претседател на Национален Сојуз на слепи на Македонија, г-дин Васко Марков, претседател на Национален Сојуз на глуви и наглуви на Македонија, г-дин Душан Нешовски, претседател на Национален Сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, г-дин Драган Дојчиновски, генерален секретар на Македонски Параолимписки Комитет и претставници од инвалидските организации од Велес и Македонија. На настанот присуствуваа и претставници на Министерство за труд и социјална политика и Советот на Општина Велес.
Од името на градот домаќин своое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Велес, г-динот Горан Петров кој ја истакна определбата и заложбата на Општина Велес и понатаму да биде авангардна во остварувањето на потребите на лицата со инвалидност, почитувањето на меѓународните конвенции и спроведувањето на законската регулатива.