15 години посветеност за правата на лица со инвалидност, 15 години Здружение на лица со церебрална парализа
Синоќа во Ликовниот салон, Здружението на лица со церебрална парализа го обележа 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лица со инвалидност. Овој датум воедно се совпаѓа со 15 годишното постоење на Здружението и 15 години посветеност на борбата за остварување на правата за достоинствен живот на лицата со церебрална парализа.
Пред бројните присутни, соработници и поддржувачи беа презентирани досегашните заложби, постигнувања и резултати на членовите и активистите на Здружението. Во знак на почит, г-ѓа Далиборка Златева, претседател на Здружението врачи Благодарници на сите соработници кои во изминатиов период несебично се вложиле во напорите за градење свесност за похуман свет.
Ликовниот салон беше преплавен со радост и насмевки. Членовите на Здружението и гостите се засладија со роденденската торта, а забавата продолжи со песните на Орхидеја Дукова и идолот Мики Секуловски.