Превенција од туберкулозата

Согласно Акционниот план за контрола на туберкулозата во Општина Велес 2008-2012 и Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита за 2012 година Општинската организација на Црвен крст Велес ги спроведе зацртаните активности за едукација на млади и други ранливи групи население за превенција од туберкулоза на подрачјето на Општината. Во пролетниот дел, во рамките на одбележувањето на 24 март - Светскиот ден на борба против туберкулозата и во есенскиот, по повод Неделата за борба против туберкулозата спроведени се следните активности:

  • организирани се девет едукативни сесии за ученици во соновните и средните училишта во Градот, четири работилници за ученици од основните училишта во селата Оризари, Бузалково, Сојаклари и Иванковци и четири едукации за вулнерабилни групи (ромско население, самохрани мајки, родители на деца и млади со посебни потреби и членови на згрижувачки семејства на деца без родителска грижа);
  • извршена е посета на лица кои се на домашно лекување под надзор на персоналот од амбулантата за белодробни болести и туберкулоза при ЈЗУ Општа болница Велес и  
  • доделена е хуманитарна помош во прехранбени производи на шест семејства во кои има лица што биле заболени или се на третман во  амбулантата за белодробни болести и туберкулоза при ЈЗУ Општа болница Велес.

Едукацијата за учениците во училиштата ја спроведуваа младински едукатори – волонтери на Црвениот крст кои посетуваа дводневна обука организирана од централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија, додека едукативните сесии ги изведоа д-р Анета Ковачки пнеумофтизиолог и д-р Мелина Мемедалиева, волонтери на Цревниот крст.
Активностите беа финансиски поддржани од Општина Велес.