Потрага по „Скриеното богатство“

Во рамките на неделата на активности за обележување на 3-Декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Здружението на лица со церебрална парализа во соработка со Локалната библиотека „Гоце Делчев“, а под покровителство на Општина Велес организираше уште еден настан наменет за децата.  Дружењето започна со настапот на група од Балетското студио „Анабела“.

Потоа децата од Здружението, од Дневниот центар за лица со инвалидност,  од ПОУ „Маца Овчарова“, ученици од општинските основни училишта  и Градоначалникот Горан Петров заеднички ја одгледаа претставата „Скриеното богатство“ во изведба на театарчето „Веселата дружина“. За крај испратија порака дека љубовта, искреноста, почитта се најголемото богатство на светот. Заеднички ја отпејаа песната „За овој свет“  од амбасадорот на УНИЦЕФ, нашиот Тоше, најголемиот хуманист за лицата со инвалидност.