Регионален центар за поддршка на микропретпријатија во Велес

Вчера во Велес е отворен, Регионален центар за помош на микропретпријатијата од Вардарскиот регион. Тоа е проект финансиран од УСАИД кој ќе трае три години,поддржан е и од Бирото за јавни набавки.Проектот го спроведува Центар за граѓански комуникации од Скопје во партнерство со фондација „Фокус“од Велес .Целта на овој проект е да им го олесни и помогне пристапот на малите и микропретпријатијата до пазарот на јавните набавки.На  стотина претпријатија кои работат на оваа територија, центарот ќе им дава бесплатни информации, обуки , секојдневни стручни консултации, за тоа како полесно и поедноставно да ги користат тендерите за јавни набавки.

„Идејата ни е да им го олесниме пристапот на микропретпријатијата бидејќи истражувања и во Европа и во светот и кај нас покажа дека недоволно се информирани, дека им недостига помош за да бидат дел од јавните набавки барем во онолкав дел колки што се по број  и по значење во економијата, бидејќи од една страна тие се значаен чинител не само за националната туку и за локалната економија, а од друга страна се малку застапени на пазарот на јавни набавки, рече Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.
 
Истражувања покажале дека микропретпријатијата се слабо информирани или воопшто не знаат како да ги искористат тендерите за јавни набавки.

„Проектот на УСАИД доаѓа во исто време кога Велес ги финишира веќе започнатите активности за обединување и давање помош на стопанствениците.Советот на Општина Велес донесе одлука објект сопственост на општината да стане седиште на Регионалната стопанска комора и да дава услуги на велешките и стопанствениците од регионот во смисла на нивно анимирање и презентирање во и надвор од државата, изработка на проекти , искористување на средста од ЕУ фондовите и сл.“ – рече градоначалникот Горан Петров и истовремено се заблагодари на Канцеларијата за економски развој на УСАИД за заложбата да го вклучи Велес во овој проект и што ја препозна подршката на општината што ја дава на бизнис секторот особено на малите и микропретпријатија.
 
„Во Македонија голем дел од економијата се должи на мали  и микропретпријатија. Па затоа ова е голема можност за нив да се приклучат кон овој проект и да си ја олеснат работата“, рече Џозеф Лесард од Канцеларијата за економски развој на УСАИД.