Нацрт-стратегија за Вработување на Општина Велес

Денес, Економскиот совет на Градоначалникот Горан Петров на проширена седница со претставници од Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, Регионалниот завод за статистика, средните сручни училишта и други претставници од јавниот сектор, ја донесе Нацрт-стратегијата за вработување на Општина Велес за периодот 2013-2017 година.

 

 


Овој стратешки документ се очекува пред Советот на Општина Велес да биде поставен на првата наредна седница, а пред граѓаните на јавна расправа што ќе се одржи во почетокот на следната година.
Економскиот совет на Градоначалникот расправаше уште за две многу значајни прашања – отпочнувањето со работа на Регионалниот бизнис центар и прибирањето податоци за деловните субјекти од Велес и регионот со кои ќе располага Регионалниот бизнис центар во промоцијата и развојот на стопанството.