Јавна дебата за родова еднаквост
Женската граѓанска иницијатива „Антико“ на 17.12.2012 година ја реализираше јавната дебата на тема: „Локални избори 2013 – предизвици и можности за зголемување на бројот на жените на градоначалнички и советнички позиции“.Дебатата ги отвори прашањата за учеството на жените на локалните избори како кандидатки за градоначалнички и советнички и направи релација со застапеноста на родовите програми и локалните потреби, со посебен акцент на иницијативата за воведување на механизми/квоти за избор на жени градоначалнички.
Учесници на дебатата беа претставници од подмладоците на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Социјалистичка партија, ПОДЕМ, ЛДП и Демократската партија на Турците.
Преку конструктивни дискусии, учесниците ги изнесоа своите предлози и сугестии во однос на темата, како и насоките за наредните чекори во реализацијата на иницијативата за зголемување на бројот на жените градоначалнички и советнички места.
Настанот беше поддржан од Градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров кој воедно е и потписник на Меморандумот за соработка со ЗГИ „Антико“