Програма за волонтирање за 2013
Градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров согласно Законот за волонтерство донесе Програма за волонтирање за 2013 година. Поаѓајки од стратегиските цели за остварување на Политиката за квалитет и обезбедување квалитетни, ефикасни и ефективни услуги за граѓаните, успешна реализација на стратегиските документи, Општина Велес ќе ангажира волонтери по области во надлежност на единицата на локалната самоуправа.
Преку организационите единици: Сектор за правни и општи работи, јавни дејности и јавни набавки и Секторот за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, сообраќај, патишта, локален економски развој и информатичка технологија, општината ќе ангажира волонтери со завршен VII/1 степен, или најмалку 180 кредити според ЕКТС-Општествени и технички науки и со VII/1 степен, или најмалку 240 кредити според ЕКТС-Општествени и технички науки.