Велешани на Денови на Ромска култура „РОМА ФЕСТ 2012 “

Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Романо ило“ Скопје на 23 декември 2012 година од 12-17 часот во Дом на АРМ, Скопје организира културна манифестација. Саемот на ромска култура е проект финасиран од страна на Министерството за култура на Република Македонија и има за цел да ги негува и промовира богатиот фолклор, обичаите, јазикот и да го сочува Ромскиот културен идентитет. Со поддршка на Градоначалникот Горан Петров и Општина Велес на оваа републичка културна манифестација учество ќе земат и претставниците на Ромската етничка заедница од Велес.Презентери на Ромската култура од Велес ќе бидат членовите на ХЕДЗР „ Романе Берша“.