Посета на Градоначалникот во Новогодишната ноќ

Дежурните служби што Новата Година ја пречекуваат на работните места беа посетени од Градоначалникот Горан Петров. Тој во новогодишната ноќ ги посети припадниците на АРМ во Гарнизонот „Алексо Демниевски“, ТППЕ, Полициската станица, Службата што ја обезбедува Општинската зграда и Брзата помош. На Граѓаните на Општина Велес Градоначалникот Петров им се обрати во првите мигови од Новата 2013 година, што заедно со нив ја дочека на Градската отворена сцена.