Новата 2013-та, „машка“ година

Една од бројните новогодишни желби на Градоначалникот Петров упатени до велешани се исполни. На првото бебе не чекавме неколку дена. На 1-ви јануари, 44 минути по полноќ се роди првото бебе во Велес во Новата 2013 година. „Големиот“ маж тежи 4300 грама, а на свет го донесе 22 годишната Сафете Мусовска од с. Сливник.