Обележанa 70 годишнината од смртта на Славе Петков и Благој Страчковски
Во 1943 година во велешките касарни, бугарските фашисти на најѕверски начин ги убија Благој Страчковски и Славе Петков, двајцата борци на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. На 13 јануари бугарските војници Благој жив го закопале, а потоа го откопале и го исекле на парчиња. Негова храброст и желба за слободна Македонија е наградена со тоа што Благој Страчковски е прогласен за народен херој. Во организација на ОО на СБМ – Велес денес се обележа 70 годишнината од свирепото убиство на македонските синови. На настанот пред спомен обележјето почит оддаде делегација на Општина Велес.

