Училиштата подготвени за второто полугодие

На почетокотот на второто полугодие од учебната 2012/13 година во Општина Велес се одржаа состаноцои со директорите и стручните служби на основните и средните училишта. На средбата со директорите се констатираше дека во сите осум основни и 4 средни училишта во Општина Велес наставните планови и програми се реализирани во целост со успех подобар од истиот период во претходната година. Училишните објекти хигиено-технички подготвено ги дочекаа учениците. Согласно препораките на Министерството за образование и наука во сите училишни објекти се преземени превентивни мерки за заштита од грип.
На средбата се констатираше дека во училиштата има доволно огрев, превозот на учениците се одвива редовно, а во тек се активностите за изведување на планираните екскурзии.Средбата со стручните служби беше фокусирана на воспитно -образовната работа во училиштата и мерките за нејзино перманентно подобрување со следење на обуки и примена на нови позитивни практики.