Се изградија два паркинг - простори на левата страна на градот

Општина Велес ги искористи убавите денови од оваа седмица и ударнички изгради два паркинг простори на левата страна од Велес, во близина на пазариште. Првиот е зад работничкиот Универзитет Благоја Страчковски со капацитет од 50-тина коли а вториот е кај Стар мост, исто со 50-тина паркинг места. Изведувач на работите беше Урбан Инвест од Кавадарци. На овие две места има место за околу стотина автомобили.

 Со овие две локации донекаде ќе се намали навалицата и гужвата, пред се во пазарните денови, од левата страна на градот. Досега во Велес постоеја четири поголеми паркинзи со капаците од околу 400 возила, и еден од најголемите проблеми  за возачите, да се најде слободен  паркинг простор.