Реконструирана спортската сала во Гимназијата „Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“

Со спортски натпревар во одбојка на женските екипи на Гимназијата „Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“, денес беше предадена во употреба спортската сала на овие две училишта. Гимназијата и ССОУ „Димитрија Чуповски“  работат во ист објект со децении. Со заеднички проекти оваа календарска година училишната зграда ќе добие ново, современо руво. Прв проект во чија реализација се вклучи и Општина Велес е реконструирањето на спортската сала.

 

Салата ја користат 1500 средношколци од Општина Велес што учат во овие две училишта, бројка што претставува близу 60% од вкупниот број средношколци во општината. На свеченониот чин на ставањето во употреба на реконструираната сала говореа директоката на ССОУ  „Димитрија Чуповски“ Валентина Јовева, директорот на Гимназијата „Кочо Рацин“ Саше Андреевски и заменик градоначалникот на Општина Велес г-дин Петре Саздов.