Градежни активности - поплочување на улици
Општина Велес продолжи со градежните активности користејќи ги максимално убавите денови и отпочна со поплочување на сервисна улица спој со ул. „ Благој Ѓорев“ со ул. „Прва Комуна“. Поради секојдневната голема фреквенција на возила (тешки и лесни) улицата беше во многу лоша состојба, особено во дождлив период. Целиот потег од истата улица опслужува преку 100 станови со околу 500 жители, преку 80 возила од станарите и 40 бетонски гаражи. Атрактивноста на трговските објекти кои се на улицата, допринесуваат да се зголеми фрекфренцијата на возилата, а низ неа поминуваат и сите жители од улиците „Прва Комуна“, „Кумановска“ и „Народен Фронт“ користејќи ја како пократок пат за да дојдат до нив и до ул. „Благој Ѓорев“.
Од истата улица секојдневно се снабдуваат и вршат дотур на роба маркетите и други трговски објекти кои ги снабдуваат жителите од овој дел на градот. За реализирање на овој зафат се предвидени и одобрени средства во Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина во 2013 година. Пробивање на улица спој на Благој Ѓорев со Прва Комуна во вредност од 1.000.000 денари а со површина од околу 900м2.

