Платформа за женско претприемништво во Македонија

Градоначалникот на Општина Велес г-дин Горан Петров им посака успешна работа на учесниците на првата работилница на проектот „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа. Проектот се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Молдавија, Србија, Турција и Македонија. Носители на проектот се центрите GTF, SEECEL од Хрватска и RCC од Босна и Херцеговина. За Македонија имплементатори  на проектот се Здружението на бизнис жени и Националниот совет за родова рамноправност кои зад себе имаат доволна референца за да бидеме убедени дека проектот во Македонија ќе биде успешен.

Соработката со Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените на Собранието на Република Македонија е дополнителна гаранција дека станува збор за сериозен пристап, за одговорни луѓе и докажани професионалци. Од друга страна учеството на Министерството за економија, Министерството за образование и наука и Стопанската комора, бизнис секторот, Агенцијата за вработување се клучните извори на податоци за реално планирање и изработка на Платформа за женско претприемништво во Македонија што треба да е продуккт на оваа работилница. Градоначалникот Петров ја искажа подготвеноста на  Општина Велес за  вклучување во реализацијата на овој проект.