Самоевалуацијата – процес на доживотно учење
Во рамките на подготовките за организација на Програмските индикатори за самоевалуацијата за наставно-воспитната работа во учебните 2013/2015 година во Општина Велес се одржа педагошка работилница со наставниците - координатори на програмски подрачја во општинските основни и средни училишта. Теми на стручната расправа беа Индикатори на самоевалуацијата, Методологија на самоевалуацијата и Анкетни прашалници.
На работилницата беа присутни 105 наставници од основните и средните училишта од Велес, Лозово, Богомила и Чашка, а истата ја водеше општинскиот инспектор за образование, Божидар Јовиќ. Придобивките од педагошката работилница ќе ги почувствуваат сите учесници во образовно-воспитниот процес – учениците, наставниците, училиштето и пошироката општествена заедница.
Самоевалуацијта е најрелана можност за градење на образовните перспективи на кадарот и училиштата, да се содадат услови на внатрешна и индивидуална одговрност за развојот на училиштето. Самоевалуацијта станува составен елемент во исполнување на севкупните чиители за проценка на квалитетот на образованието во системот на доживотното учење.



