Поплочување на улица „Љубљанска“
Се отпочна со поплочување на левиот тротоар со префабрикувани бетонски елементи на потег од спој со ул. „Благој Ѓорев“ до крај на новоизведени колективни станбени згради на улица „Љубљанска“. Се врши замена на старите ивичници со нови. За таа цел во Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2013 година има издвоено средства. Станува збор за многу оптоварен дел каде гравитира ООУ „Блаже Конески“ со близу 1000 ученици.

