Едукација за превенција од туберкулоза

Со почетокот на новата година членовите на секцијата за борба против туберкулоза и младите едукатори за превенција од туберкулоза продолжија со едукација на ранливи групи население и ученици од основните училишта во рамките на Програмата за здравствена заштита на Општина Велес. Во текот на јануари и првата половина од февруари беа одржани шест работилници со ученици од седмо и осмо одделение во основните училишта „ЈХК Џинот“, „Благој Кирков“, „Св.Кирил и Методиј“ и „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“, а деновиве, во просториите на Црвен крст д-р Анета Ковачки пнеумофтизиолог – Претседател на секцијатата за борба против туберкулозата во велешкиот Црвен крст, одржа едукативна сесија за превенција од туберкулоза за триесеттина слушатели со муслиманска вероисповест на која беа информирани за карактерот на болеста, превенцијата и начин на бесплатното лекување од оваа болест. На крајот, на присутните им беа поделени флаери со едукативна содржина.
До крајот на месецот едукацијата ќе продолжи во основните училишта во помалите населени места во Општината.