9 години од падот на Кингерот
Денес на гробиштата на црквата Свети Спас во Велес и беше оддадена почит на Анита Кришан Лозановска, вработена во кабинетот на претседателот Борис Трајковски која животот го загуби во злокобната несреќа на претседателскиот авион на 26 март пред девет години заедно со претседателот Трајковски, колегите од кабинетот и посадата на авионот.
Вечното почивалиште на нашата сограѓанка го посети делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, од Владата на Република Македонија, Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров, претседателот и членови на Советот на општината и членови на семејствата Кришан и Лозановски.


