Изложба на акварели - Љубомир Белогаски

Во Ликовниот салон, при Народниот музеј Велес во  вторник 05.03.2013  година, во 19,30 часот  ќе се отвори изложба на  акварели од донацијата на Љубомир Белогаски, при музејот на град Скопје. При секое поставување дела  од  донацијата на Белогаски, врвен мајстор на акварелот, со особена почит се потсетуваме на неговиот лик и дело, на неговиот хуман гест – подаруваќи ги своите многубројни дела во  ликовната ризница на нашето културно наследство. Во Ликовниот салон ке бидат поставени 30 тина акварели, пред се мртви природи  во кои доминантен мотив е цвеќето,  предадени со интимна лиричност и поетичност, со рафинирано чувство за бојата потопени во истенчена колористичка хармонија. Изложбата ќе ја отвори директорката на Музејот на град Скопје, Љубица Кондијанова.