Изложба на „слатки нешта“

Учениците и наставниците од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Велес во соработка со родителите на учениците, организираат осмомартовска хуманитарна забава и продажна изложба на „слатки нешта“ и рачно изработен накит. Настанот ке започне на 6 -ти март во 16 часот пред дискотеката Club Down Town со продажни штандови, а потоа од 18 до 22 часот манифестацијата продолжува со модна ревија на учениците и забава со најдобриот вокал во Перо Пандиловски. Цената на влезницата е симболична, само 20 ден, а за родителите на малата Тамара за чие лекување е организиран овој хуманитарен настан, овие средства се безценети.