Општина Велес - член на MIRVAX
Општина Велес е дел од мрежата во меѓународниот проект "Мониторинг и подобрување на сливот на река Вардар - MIRVAX", кој се спроведува меѓу Република Македонија и Република Грција, a e финансиран од НАТО програмата Наука за мир. Во мрежата се вклучени и општините: Неготино, Гази Баба, Гостивар, Битола, Штип, Кичево, Куманово и MIRVAX центарот во Универзитетот "Св. Кирил и Методиј".
Проектот има за цел да го подобри квалитетот реките во сливното подрачје на Вардар, преку развивање на систем на далечински мониторинг и управување.
За населението во Македонија реката Вардар е синоним за живот бидејќи кореспондира со 75% од водените ресурси и 80% од нејзината територија. Вардар е важен економски ресурс, снабдувач со вода за пиење, индустриска вода, вода во земјоделството, снабдувач со енергија, река во која се врши рибарење, рекреација, туризам, но и примател на непречистена комунална вода и непречистена индустриска вода. Покрај важноста за Македонија има подеднаква економска и еколошка улога за Грција. Сериозно загадени се централните и долните текови на Вардар. Реката е најголем поединечен извор на загадување на затворениот залив на Солун.
MIRVAX проектот е составен од два меѓусебно поврзани делови:
- Развивање на мониторинг мрежа, која се сосоти од SCADA систем (Супервизиско управување и Аквизиција на податоци) и мониторинг станици на реката Вардар;
- Развивање на мрежа на локални комитети и волонтери за да се дистрибуираат идеи и иницијативи на населението од сливот на реката, да се развијат партнерства и да се поддржат акции за подобрување на квалитетот на водата во реката.
Мониторингот е прв и многу важен чекор за континуирано следење на состојбата со квалитетот на најзначајната артерија на државата и делување во правец на санирање на последиците по животната средина и животот на луѓето покрај реката.
Во проектот планирано е поставување на 10 мониторинг станици кои ќе ги мерат физичките параметри и специфичните хемиски супстанции согласно ЕУ Директивата 60/2000 за заштита на реките.
Вардар е динамичен природен ентитет, што ги прилагодува суровоста, брзината, длабочината, ширината и платформата како одговор на човековите активности.
Време е да пробаме да се прилагодиме себеси во зависност од потребите на реката, а не реката да ни се прилагодува нам.