Одржана редовна седница на подрачното одделение на ДЗС и општините Велес, Чашка и Градско

Подрачното одделене на Дирекцијата за заштита и спасување на ден 13.03.2013 година одржа редовна  седница со сите субјекти од општините: Велес, Чашка, Градско.   Дневен ред на седницата беше подготовка на субјектите во текот на годината за заштита од пожари, нивно ангажирање во случај на настанатите пожари, во нивните надлежности за справување со нив.

 

Присутни  на состанокот беа :

ТППЕ  Велес, Шумското стопанство „Бабуна“, претставници од општините Велес и Чашка, шумскиот инспектор, претставник од ЈКП „Дервен“  и од Македонски железници, Претставници од ловните друштва од општините Велес и Чашка и претставник од ЦУК – Велес.

НА ОВОЈ СОСТАНОК СЕ ДОНЕСЕ ЗАКЛУЧОК ДЕКА  ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ВО СИТЕ ТРИ ОПШТИНИ  ТРЕБА ШТО ПОВЕЌЕ ДА ЗЕМАТ  УЧЕСТВО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО НАСТАНАТИТЕ ПОЖАРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА НИВНИТЕ ОПШТИНИ И ДА СИ ИЗВРШАТ АЖУРИРАЊЕ НА ПЛАНОВИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ ОД ПОЖАРИ.