Обележана годишнината од штрајкот во велешката гимназија
Во организација на ООна СЗБ од НОВ, а со пригодна програма од учениците на ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“, беше обележана годишнината од штрајкот на учениците од велешката Гимназија. Во пригодното обраќање беше истакната за да не се заборави авангардната револуционерна идеја на тогашните гимназијалци, нивната високо развиена национална свест и улогата на штрајкот во вкупниот антифашистрички отпор во Македонија.