„Зелникот на баба“ - Пробиштип
Втора година по ред се одржува манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип која е од хуманитарно – ревијален карактер. Посветена е традиционалните македонски специјалитети. Оваа манифестација беше збогатена со гости од 15 градови, меѓи нив и Велес. Меѓу гостите имаше и десетина жени од Велес, кои дојдоа по покана од локалната самоуправа. Поканета е резултат на долгогодишната соработка што ја имаат Општина Велес и Општина Пробиштип и желбата таа да продолжи и да се прошири кругот, не само со администрацијата.
Токму затоа општината ги покани жените од Организацијата на жени и Активот на жени пензионерки , со цел што подобро да ја претстави велешката традиција и култура. Масата со велешките специјалитети беше многу брзо се испразни. На манифестацијата покрај од Велес имаше гости и од Крива Паланка, Кратово, Неготино, Свети Николе, Куманово, Каменица, Скопје и други општини од Република Македонија.
Велешките специјалитети на гостите им ги нудеа, три девојки од Ансамблот Керамичар, облечени во велешка градска облека. На масата беа понудени зелник, јајчаник, ѓозлеме, колпиде, штрудла со јаболка и уште многу други традиционални специјалитети. Собраните средства беа отстапени на организатор Општина Пробиштип, која пак ги намени за едно социјално загрозено семејство.
Специјален подарок за Општина Пробиштип беше велешка стомна направена од тесто и велешка алва од познатата мајсторка на слатки „Родне“.

