Пролет, добредојде!

Согласно Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2013 година, денес во се одржа манифестацијата „Денови на пролетта“. Носител беше ЕД „Вила Зора“, а учесници учениците од сите основни училишта, ПОУ „Маца Овчарова“  и дечињата од Детската градинка „Димче Мирчев“. Добредојде на пролетта најмладите и посакаа со еко пораки до возрасните за зачувување на природата што се буди, за животна средина со чист воздух, вода и почва, за цветно опкружување и здрав живот.

Дрвото со пораки се наоѓа во Ликовниот салон и достапно до сите што сакаат да прочитаат што им порачува иднината на Велес. Во рамки на манифестацијата се одржа и велосипетски крос со учениците на основните училишта со уште една порака за велешани – возете велосипед, не ја загадувајте животната средина!