Пуштање во работа на Анаеробна пречистителна станица на фекални води во с.Горно Оризари

На 22.03.2013 во село Горно Оризари се пушти во употреба пречистителна станица  за отпадни води Зона 3 и колектор за прибирање на фекални води. Вкупна вредност на проектот е 6.800.000,00. Средствата се обезбедени  од Министерството за транспорт и врски и Општина Велес. Со реализација на овој проект ќе се подобри квалитетот на животот на населението и ќе се поттикне економскиот развој во Горно Оризари.