Инвестиција во текстилната индустрија
Денес во Општина Велес, се одржа средба за соработка помеѓу Градоначалникот Горан Петров, и холандската фирма „Дена“ претставувана од Генералниот директор и сопственик Ралф ван Еден. Тема на оваа средба беше можна идна инвестиција во областа на текстилната индустрија. Господинот Ралф ван Еден истакна дека веќе е партнер со фирма која има погон за текстил во Велес со 30-тина вработени. Тие би сакале да се прошират и изградат погон во кој би се вработиле околу 150 работници.
Градоначалникот Горан Петров ги изнесе можностите и локациите кои во моментов општината може да ги понуди. Тој ја наведе неопходноста од исполнување на соодветни критериуми околу формата и содржината на документацијата, олеснувањето во процесите за добивање соодветна документација, роковите, даноците, сето она што пред странскиот инвеститор ќе даде гаранција дека се работи за стабилна општина, општина што е европски ориентирана и подготвена да прифати обврски што ќе гарантираат сигурност за странскиот инвеститор.

