Спортски активности по повод Денот на независноста
Најзначајниот ден од поновата историја на Македонскиот народ, Денот на прогласувањето на независноста на Република Македонија беше одбележан со повеќе спортски активности.
50 кајакари од сите кајакарски клубови од Република Македонија учествуваа на кајак слаломот „Илинден 2006“ кој на 02 и 03 септември се одржа во Велес, на потегот помеѓу мостовите „Гемиџии“ и „Мало мовче“ на реката Вардар. Првите места во пионерска конкуренција ги освоија КК „Вардар“-Велес, КК „Илинден“-Скопје и КК „Ластовица“-Скопје. Во младинска конкуренција најуспешни беа КК „Ластовица“-Скопје, КК „Вардар“-Велес и КК „Вила зора“-Велес.
На 07 и 08 септември, на Градскиот стадион во Велес се одржа Првиот меѓународен пионерски фудбалски турнир за деца до 12 години. На турнирот учествуваа пионерските фудбалски школи „Вардар“ од Скопје, „Брегалница“ од Штип, „Раднички“ од Ниш, Република Србија и „Борец“ од Велес. Најуспешни на турнирот беа пионерите на „Вардар“. Второто место го зазедоа фудбалерите на „Брегалница“, а третото екипата на „Раднички“ од Ниш.
На 10-ти септември, во село Бузалково се одржа вториот традиционален турнир во пеливанско борење на кој настапија пеливани од сите пеливански клубови во земјава. Овој специфичен традиционален спорт предизвика голем интерес кај љубителите на спортските активности како и кај средствата за јавно информирање.

Вториот традиционален турнир го отвори градоначалникот Аце Коцевски кој укажа на потребата од чување и негување на традициите кои не значат само зајакнување на спортскиот дух, туку и на човечноста и соработката. За традиционалните вредности на пеливанството говореше и Максут Бакиевски, претседател на Советот на Месната заедница во село Бузалково.
Традиционалното „перде“ или предизвикување на противникот придружено со звукот на зурлата и тапанот како и традиционалното мачкање со зејтин на борците пеливани, на присутните им овозможи да уживаат во своевиден традиционален спектакл.
Најуспешни годинава беа пеливаните од Скопје или поединечно во:

- Петта група- Рамадан Османовски од ПК „Караџица“ –Скопје
- Четврта група- Дејан Митров од ПК „Шампион“ –Скопје
- Трета Група –Зулфи Алиу од ПК „Караџица“ –Скопје
- Втора група- Иљаз Јаја од ПК „Шампион“ –Скопје
- Прва група – Асан Камбери од ПК „Пеливан“ – Велес и Амет Османи од ПК „Караџица“ –Скопје.