АПРИЛИЈАДА 2013

Во организација на Општина Велес учениците од сите основни општински училишта, ПОУ „Маца Овчарова“ и Детската градинка „Димче Мирчев“ заеднички го обележаа Денот на шегата 1-ви Април. Младинскиот парк денес беше украсен со најубавите цветови, со младоста на Велес. Од најразличните маски можеше да се препознае креативноста и умешноста на родителите и наставниците  и јунаците со кои се идентификуваа децата. Убавото време помогна Априлијадата да биде масовна и да трае подолго.