Пролетни инфраструктурни активности

Во Општина Велес продолжуваат градежните работи. Користејќи ги максимално убавите пролетни денови  започнаа подготвителните активности за  асфалтирање неколку улици во градот. Се работи на улиците „Мирка Гинова“,„Сутјеска“,„Крсте Мисирков “  и улицата  во Градскиот парк  од ЈКП „Дервен“ до Спортската сала „Гемиџии“. Во исто време , се подготвува асфалтирањето на спортското  игралиште „Гемиџии 2“.  Денес почнаа  и подготвителните активности за  бетонирање на улиците „Александар Несторов“ во Велес и ул. „Трајче Петкановски “во населба Превалец. Доколку дозволат временските услови се планира овие зафати да завршат во најскоро време.