Продолжуваат инфраструктурните активности

Општина Велес продолжува со градежните активности. Започнаа подготвителните зафати за  бетонирање на ул.„Наце Димов“, ул. „Благој Нечев“и спојот на ул.„Ордан Џинот“ со ул.„ Вера Циривири“ кај мовчето на Дервенскиот поток. Истовремено се одвиваат  и работите за поплочување на неколку улици. Се работи за  улиците .„ Киро Чауле“, „Сараевска“и „ 8 март “. Во рамките на овие активности ќе биде изведена и колско-пешачка патека на спојот на ул. „Марксова“ и ул.„Андон Шурков“.Ќе се   работи и на асфалтирање на  тротоарот  на ул.„Орце Мартинов“. Во исто време , се подготвува бетонирање на потпорни ѕидови во село Иванковци и на ул. „Стеван Бобев“, „Никола Вапцаров“. Деновиве ќе се работи и на отпочнување со санација на ударните дупки на бетонски и асфалтни улици во градот.