Обележан патрониот празник на детската градинка
Детската градинка „Димче Мирчев“ денес го обележа својот патронен празник. Со песна и игра како што им доликува на најмладите, во објектот кај ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се одржа централната манифестација, а празнувањето продолжи во објектот кај Жаба зграда. Овде, на бистата на народниот хереј Димче Мирчев цвеќе положија дечињата и вработените од градинката, Градоначалникот Горан Петров и членови на ОО на СЗБ од НОВ од Велес.



