Конституиран Советот на Општина Велес

Александар Колев. Претседател на Советот на Општина ВелесСоветот на Општина Велес денес ја одржа својата прва, конститутивна седница. На пригоден, свечен начин , Општинската изборна комисија ги додели уверенијата на членовите на Советот за мандатот 2013-2017 година, за веднаш потоа да се продолжи со конститутивната седница на новиот совет на Општина Велес. Со седницата претседаваше најстариот присутен член , Бесим Ахмедов. На седницата беше верификуван мандатот на членовите за наредните четири години. Советот на Општина Велес брои 23 членови, од кои 13 се од редовите на советничката група на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ  и 10 од Коалицијата предводена од СДСМ. За претседател на Советот за наредниот четиригодишен мандат е избран Александар Колев.

 Погледнате ја листата на сите членови на Советот на Општина Велес ... (линк)