Свечено примопредавање на функцијата Градоначалник
Денес е еден од оние историски денови кога Велес започнува чекорење по нова патека, по онаа што граѓаните го одредија на петите локални избори во Република Македонија. Секои избори се ново поглавје од развојот на Велес. Претседателката на Општинската изборна комисија – Велес, Емилија Андовска на м-р Славчо Чадиев му го предаде Уверението за верификација на мандат за Градоначалник на Општина Велес за периодот 2013 – 2017 година. Потоа Горан Петров, човекот што 4 години раководеше со Општина Велес се обрати пред присутните и направи ретроспектива на изминатиот 4-годишен период.
На крајот на обраќањето му го честита изборот за градоначалник на м-р Славчо Чадиев и му го подари симболично клучот на градот Велес со зборовите,,-без дилемија ја препуштам општината во сигурни раце и поскувам достојна презентација на Велес во Македонија и во странство,,- м-р Славчо Чадиев во своето обраќање ги наведе активностите за наредниот четиригодишен период со искрено ветување дека неуморно ќе работи за релизација на проектите од програмата со која ја добил довербата на граѓаните. Целиот настан се одвиваше во преполната општинска сала пред многубројните гости кои со громогласен аплауз го поздравија примопредавањето на функцијата Градоначалник.





