Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев во увид на градежните работи кои се изведуваат на улицата во градскиот парк
Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев денес, (Понеделник) изврши увид во градежните работи кои се изведуваат на улицата која минува низ градскиот парк. Овие денови интензивно се работи на поплочување на улицата со бекатонски елементи во должина од 600 метри и ширина од 4 метри. Целокупната опфатена површина изнесува 2.400 метри2. По поплочувањето ќе се пристапи кон асфалтирање на делот пред Управната зграда на ЈКП Дервен до спојот со улица Вардарска. За таа цел со асфалтна површина ќе бидат покриени 500 м2. Со ова градскиот парк добива нов лик. Исто така ќе се олесни и движењето во паркот како и пристапот кон спортската сала. Со завршувањето на градежните работи во овој ден ќе се зголеми безбедноста како за возилата кои сообраќајот во овој дел така и за пешаците кои рекреираат.

