ЕКО ХЕПЕНИНГ за Денот на планетата Земја

22 Април е најзначајниот роденден на светот - Ден на планетатаЗемја. Во глобалното одбележување на милијарда луѓе во светот за здружено делување за опстанок на планетата, вчера роденденската забава во Велес беше во организација на тимови од ООУ „ЈХК-Џинот“ и ОСУ „Димитрија Чуповски“. Во преполниот амфитеатар на отворено се постигнаа целите на манифестацијата: меѓусебно дружење, забава, едукација, афирмација на екологијата и будење на еколошката свесност за потреба од здрава, еколошки чиста, незагадена планета Земја. Преку музички, ликовни, танцови и драмски активности Еко настанот беше вистински хепенинг за уживање на сите генерации велешани.