Нови градежни зафати – нови дела во Велес

Денес во Велес продолжија активностите со нови градежни зафати во центарот на градот. Интензивно се работи на реконструкција на улиците, крпење и санирање на коловозот и штетите предизвикани во зимскиот период. Со овие дејствија се зафаќаат површините на плоштад „С`рмаале”, подрачјето околу кружниот  тек во центарот на градот и паркинг просторот во близина на зградата на Основниот суд.  Целта е да се санираат постоечките состојби, градот да добие нов пролетен лик и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.